Top Sport

Реал промашуваа, Баерн победија (Видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен во рамките на Меѓународниот куп на шампионите го совладаа Реал Мадрид со 3-1. На мечот во САД, Реал доминираше на теренот, неговите играчи не реализираа еден куп зрели шанси, што Баерн знаеше да го казни.

Зинедин Зидан мечот го започна со најсилниот тим, на теренот беше и засилување Еден Азар. Бензема на стартот промаши голема казна, а Баерн тоа го казнија во 15 минута преку Толисо.

До крајот на полувремето, на стадионот во Хјустон, немаше голови. Во вториот дел Зидан го смени речиси целиот тим, што го искористија Баварците и постигнаа уште два гола.

Најпрвин Левандовски погоди во 67 минуа, а само две минути подоцна Гнабри ги реши дилемите околу победникот.

До крајот на мечот Родриго од слободен удар ги постави конечните 3-1.

Scroll to Top