Top Sport

Атлетико работи со полна пареа, три потписи во еден ден

Атлетико Мадрид во еден ден обезбеди три потписи за наредната сезона. на официјалната интернет страница, доцна синоќа, клубот објави дека Антоан Гризман и Лукас Ернандез ги продолжиле договорите, односно дека Тома Лемар е нов играч на клубот.

Најдобриот играч и стрелец на Атлетико, Гризман, во четвртокот објави дека ќе остане на „Ванда Метрополитано“. Тој го продолжил својот договор до 2023 година. Според шпекулациите од Атлетико ќе добие годишна плата помеѓу 20 и 23 милиони евра.

Младиот дефанзивец, Лукас Ернандез, во Атлетико ќе остане сезона подолго од Гризман. Тој го обновил својот договор до 2024 година.

Лемар е второто засилување за Атлетико во преодниот рок, откако претходно клубот ги обезбеди услугите на Родри од Виљареал.

Лемар потпишал со Атлеитко, а сите формалности со неговиот клуб Монако „јорганџиите“ ќе завршат кога тој ќе се врати од Русија.

Интересно сите овие играчи се дел од француската репрезентација на СП во Русија. Гризман и Ернандез играа на премиерниот меч на Франција против Австралија (2:1).

Scroll to Top