Top Sport

Атлетико се откажаа од Влаховиќ, ангажираат напаѓач од Херта

Атлетико Мадрид беа упорни да го доведат српскиот интернационалец Душан Влаховиќ на „Ванда Метрополитано“, но Фиорентина стави вето на продажбата на напаѓачот.

Претпоставките се дека „виолетовите“ и нивниот претседател Роко Комисо тешко дека ќе добијат понуда каква што им нудеа од таборот на Чоло Симеоно – меѓу 60 и 75 милиони евра.

За Србинот, барем засега, пропадна сјајна можност да го засили таборот на шпанскиот шампион иако Симеоне лично му се јавил и го наговорувал да дојде во Мадрид.

Сега Атлетико се сврте кон нов напаѓач. Се работи за напаѓачот на Херта Берлин, Матеус Куња чиј трансфер би требало да се реализира за околу 30 милиони евра.

Scroll to Top