Навивачите на Атлетико Мадрид се збогуваа со Луис Суарез и Ектор Ерера, откако клубот потврди дека двајцата заминуват на крајот на сезоната пред мечот со Севилја.
Уругвајската фудбалска легенда, 35-годишниот Суарез пристигна на „Ванда Мерополитано“ летото 2020 под необични услови, откако тогашниот тренер на Барселона, Роналд Куман му соопшти дека не е потребен во клубот, за минатата сезона 2020/21 да биде еден од клучните фудбалери на Диего Симеоне при освојувањето на шпанската титула со 21 гола таа сезона. Оваа сезона не беше толку добра за него, но сепак, тој запиша 11 голови и 2 асистенции во Ла лига.
Мексиканецот Ерера пак, малку подолго е со „рохибланкос“, откако последните три сезони беше дел од тимот на Симеоне со 57 настапи во Ла лига.
?❤️? El Wanda @Metropolitano se pone en pie para homenajear a @LuisSuarez9 y @HHerreramex, que hoy se despiden de la familia atlética. ¡Síguelo en directo!#GraciasSuárez #GraciasHerrera https://t.co/P0wkUjuPv4
— Atlético de Madrid (@Atleti) May 15, 2022