Top Sport

Интер не се предава – победа на Сардинија, италијанскиот шампион ќе се знае во последното коло

Интер стигна до тешка, но заслужена 3:1 победа на гостувањето кај Каљари, за да го заддржи притисокот на градските ривали Милан и да примора титулата во Серија А да биде одлучена во последното коло.

Сè освен победа на Сардинија ќе значеше крунисување на Милан во нов шампион по нивната 2:0 победа над Аталанта, но сега Интер останува на два поени зад „росонерите“ пред последното, 38. коло, во кое Милан гостува кај Сасуоло, додека Интер на домашен терен ја пречекува Сампдорија.

За Каљари, пак, поразот најверојатно значи испаѓање во Серија Б – тие остануваат на 18. место со 29 поени, два помалку од „сигурната“ Салернитана – во последното коло во кое гостуваат кај Венеција, а Салернитана дома го пречекува Удинезе.

Матео Дармијан ги донесе гостите во водство во 35. минута по асистенцијата на Иван Перишиќ, а во 51. минута, Лаутаро Мартинез го увои водството. Сепак, надеж за домаќините даде Харалампос Ликојанис со прекрасен гол во 53. минута, пред Лаутаро со својот втор гол во 85. минута да стави точка на мечот.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top