Фудбалерите на Атлетико Мадрид ја победија Малага со 2:0 во првото коло од Ла Лига.
Атлетико успешно ја започна новата сезона од шпанското првенство против Малага, која се врати во Ла Лига за прв пат од сезоната 2017/18. На „Метрополитано“, навивачите беа сведоци на два спектакуларни гола.
Гостите долго време добро се држеа и им одолеваа на нападите на Атлетико, кои не беа многу ефикасни. Причината е и комбинираниот состав со кој Чоло Симеоне го започна натпреварот.
Сепак, во 70-та минута одбраната на Малага капитулираше, Кореецот Канг-ин Ли, неколку минути по влегувањето во игра, на дебито, од 19 метри, постигна прекрасен гол.
🚨🇪🇸 | GOAL: WHAT AN INSANE GOLAZO BY KANG-IN LEE! WHAT A ROCKET! WOW!
Atlético Madrid 1-0 Málaga. pic.twitter.com/hzGJKW9jHw
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) August 19, 2026
Победата ја потврди Алекс Баена со брилијантно изведен слободен удар.
🚨🇪🇸 | GOAL: WHAT A SPECTACULAR FREE-KICK BY ALEX BAENA! FANTASTIC!
Atlético Madrid 2-0 Málaga. pic.twitter.com/t0TX4eEszJ
— TheGoalsZone (@TheGoalsZone) August 19, 2026
Во второто коло од првенството, Атлетико го пречекува Виљареал на 23 август, додека Малага го игра својот прв натпревар пред домашните навивачи, против уште еден повратник, Депортиво Ла Коруња, на 24 август.
foto/ EPA
