Белоруската тенисерка Арина Сабаленка доживеа елиминација од Мастерсот во Синсинати. По овој неочекуван пораз на Сабаленка и „виси“ првото место на ВТА листата.
Најдобрата тенисерка во светот беше елиминирана во осминафиналето од серијата ВТА 1000 во Синсинати од Сара Биелек.
Чешката тенисерка, 35-та на планетата, ја победи Белорусинката со 2-0 во сетови, со резултат 7:6, 6:4.
Натпреварот траеше еден час и 55 минути, а Бајлек ќе игра против Медисон Кис во четвртфиналето.
Овој пораз на Арина Сабаленка го отвори патот за Јелена Рибакина, која официјално ќе го заземе првото место на ВТА листата и ќе стане најдобра тенисерка во светот доколку избори пласман во финалето во Синсинати.
Таа ќе игра во четвртфиналето со поранешната тенисерка број еден, Ига Швјонтек.
Foto/ Depositphotos
