Top Sport

Атлетико со победа на Мајорка на првото место во Ла лига (видео)

Атлетико Мадрид со 2:0 славеше на гостувањето кај новиот прволигаш Мајорка за да се искачи на првото место во шпанската Ла лига, во меч во кој македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, конечно, доби шанса да влезе во игра, но како замена во 62. минута

Диего Коста во 26. минута од мечот донесе водство за тимот на Диего Симеоне, пред Жоао Феликс да постигне еден бизарен гол (со помош на одбраната на Мајорка) за конечни 0:2 во 64. минута од мечот.

Со победата, Атлетико се искачи на првото место во Ла лига со 13 поени, еден повеќе од Атлетик Билбао, кои одиграа само 1:1 на гости кај Леганес, но вечерва може да ја загуби позицијата доколку Реал Мадрид ја победи Осасуна.

ЛА ЛИГА, 6.КОЛО

Леганес – Атлетик Билбао 1:1

Мајорка – Атлетико Мадрид 0:2

Scroll to Top