Top Sport

Запата и Аталанта ја шокираа Рома на „Олимпико“ (видео)

Аталанта минатата недела загуби со 4:0 на гостувањето кај Динамо Загреб во своето деби во Лигата на шампионите, но тоа како само да ги мотивираше „Оробичи“, кои стигнаа до втората победа во низа во Серија А, шокирајќи ја Рома со 2:0 на „Олимпико“.

Човек на одлука беше неверојатниот Колумбиец, Дуван Запата, кој во 71. минута доби одлична топка во шестнаесетникот и ја „закова“ зад грбот на голманот Пау Лопез. Ова е веќе четврти лигашки гол за Запата оваа сезона. Мартен де Рон во 90. минута го потврди триумфот.

Со победата, трета во шампионатот, Аталанта се искачи на третата позиција на табелата со 10 поени, три помалку од лидерот Јувентус, додека Рома е петта по првиот пораз во новата сезона.

Scroll to Top