Top Sport

Атлетико во апсолутно неверојатна завршница „излета“ од ЛШ, Баерн ја „дотепа“ Барселона

Шпанските клубови немаа најдобар ден во Лигата на шампионите, откако Атлетико Мадрид им се „приклучи“ на Барселона како тим кој е елиминиран од осминафиналето, по разочарувачкото 2:2 домашно реми со Баер Леверкузен на Чаби Алонсо иако во 95. минута имаа пенал за победа.

Муса Дијаби уште во 9. минута го совлада Јан Облак, но во 22. минута, Јаник Караско успеа да израмни, пред само седум минути подоцна, ексфудбалерот на Челси, Калам Хадсон-Одои пак да „удри“ со убав гол. Родриго де Паул во 50. минута ја врати надежта на „Метрополитано“, пред во последните секунди да биде досуден пенал за Атлетико по игра со рака во шестнаесетникот.

Но, обидот на Караско заврши во рацете на Лукаш Храдецки, пред одбиената топка да заврши во пречката за елиминација на тимот на Диего Симеоне. Клуб Бриж и Порто влегуваат во нокаут-фазата.

Сол на „раната“ на Барселона по елиминацијата која беше потврдена по победата на Интер над Плзењ беше 0:3 поразот од старите „познаници“ Баерн на „Ноу Камп“, најмногу поради лошата реакција во одбраната во првото полувреме. Садио Мане стрелаше само по 10. минути, пред Ерик-Максим Чупо-Мотинг во 32. минута да зголеми на 0:2. Бенжамин Павар во 94. минута само ги „дотепа“ фановите нво Каталонија.

Неверојатната серија на Наполи продолжи со рутинска 3:0 победа над Глазгов Ренџерс, за петта победа во пет меча оваа сезона. Џовани Симеоне постигна два гола за само пет минути во 11. и 16. минута, за Лео Остигард во 80. да го даде и третиот гол за тимот на Лучано Спалети. Елиф Елмас, повторно, беше замена, влегувајќи во 73. минута од мечот.

Ливерпул, пак, немаа никакви проблеми да го запечатат своето место во осминафиналето, откако ја продолжија катастрофалната сезона на Ајакс со 3:0 победа во Амстердам. Мохамед Салах ги донесе „црвените“ во водство во 42. минута, по што на стартот на второто полувреме стрелаа Дарвин Нуњез во 49. минута и Харви Елиот во 52. за потврда на триумфот.

Во групата Д, на Хери Кејн му беше поништен голот во 96. минута за Тотенхем да одигра 1:1 со Спортинг Лисабон и да ги остави четирите тима во игра за осминафинале по 2:1 победата на Ајнтрахт Франкфурт над Олимпик Марсеј, за во последното коло Тотенхем гостуваат на „Велодром“, додека Спортинг како фаворити го пречекуваат Ајнтрахт.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Ајакс – Ливерпул 0:3
Наполи – Глазгов Ренџерс 2:0
Табела: 1.Наполи 15, 2.Ливерпул 12, 3.Ајакс 3, 4.Ренџерс 0

ГРУПА Б
Атлетико Мадрид – Баер Леверкузен 2:2
Табела: 1.Бриж 10, 2.Порто 9, 3.Атлетико М. 5, 4.Баер Л. 4

ГРУПА Ц
Барселона – Баерн Минхен 0:3
Табела: 1.Баерн 15, 3.Интер 10, 4.Барселона 4, 5. Викторија  0

ГРУПА Д
Ајнтрахт Франкфурт – Олимпик Марсеј 2:1
Тотенхем – Спортинг Лисабон 1:1
Табела: 1.Тотенхем 10, 2.Ајтрахт Ф. 7, 3.Спортинг 6, 4.Олимпик М. 6

Scroll to Top