Top Sport

На Барселона ова не и се случило во 21. век

Фудбалерите на Барселона втора сезона по ред не успеаја да се пласираат во осмина-финалето на Лигата на шампионите.
Минатата сезона шпанскиот гигант заврши на третото место во групата зад Баерн и Бенфика, додека во актуелната сезона пред нив се Баерн и Интер.

Каталонците напролет втора година по ред ќе играат во Лига Европа. Минатата сезона во второто најсилно европско клупско натпреварување беа елиминирани во четврт-финалето од Ајнтрахт, кој подоцна го освои пехарот.

Барселона не памети две последователни лоши сезони во овој век. Последен пат две години по ред беа елиминирани во групната фаза од Лигата на шампионите во времето на Луј ван Гал, во сезоните 1997/98. и 1998/99 година.

Scroll to Top