Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес за Ловро Мајер. „Лекип“ објави дека „јорганџиите“ ги започнале преговорите со Рен. 24-годишниот Мајер, во Рен се пресели во август минатат година од Динамо Загреб, во трансфер вреден 12.000.000 евра.
„Мајер се чувствува добро во Рен, но би можел да биде заведен од можноста да игра во Лигата на шампионите со тимот на Диего Симеоне“, се вели во текстот на „Лекип“.
Во својата прва сезона за Рен, Маер постигна 11 гола и имаше 13 асистенции, а „Лекип“ го вклучи во тимот на сезоната, во Лига 1. Веќе на почетокот на јуни се пишуваше дека мадридскиот клуб се интересира за него, а се споменуваше и интересот на РБ Лајпциг и ПСЖ.
Според „Трансфермаркт“, Мајер вреди 20 милиони евра. Тој има договор со Рен до 2026 година. За хрватската репрезентација забележа осум настапи и постигна два гола. Речиси сигурно ќе се најде на списокот на селекторот Златко Далиќ за Светското првенство во Катар кое ќе се одржи во ноември и декември годинава.