Top Sport

Шекил О’Нил „објасни“ зошто Земјата е рамна

Шекил О’Нил поранешниот НБА кошаркар и голема ѕвезда изјави дека Земјата е рамна и потоа го објасни мислењето.

О’Нил е еден од најдоминантните кошаркари во историјата на НБА лигата, а најголема трага остави во Лос Анџелес Лејкерс. Со нив освои три последователни шампионски титули и тие се последниот тим што успеал да напрват таков подвиг.
Шек, кој сега има 50 години, се занимава со бизнис и ги анализира натпреварите во НБА, па слободното време го искористи да биде гостин во подкастот „The Kyle & Jackie O Show“, каде рече дека мисли дека Земјата е рамна и објасни зошто.

„Тоа е теорија, и знајте дека нè учат на многу работи, но ова е само теорија. Денеска летав во авион дваесетина часа, не се свртев или превртев, ништо. Како тогаш знаеме дека Земјата навистина се врти? Триесет години живеам покрај езеро и никогаш не сум видел дека езерото се движи лево или десно“, рече Шекил О’Нил.

Scroll to Top