Top Sport

Auf Wiedersehen Германци, Шведска и Мексико во осминафинале!

Ако сите „стравуваа“ за судбината на Аргентина на Мундијалот во Русија, на крајот светските шампиони Германија се тие кои не одат во осминафиналето откако доживеаја шокантен пораз од Јужна Кореја од 1:0 со гол во 90-тата минута, додека Шведска го „торпедираше“ Мексико со 3:0 за да го освои првото место во групата.

Тимот на Јоаким Лев не беше убедлив во текот на подготовките за Русија, ниту на првиот шокантен пораз од Мексико (1:0), но надежта во „маншафт“ беше вратена по драматичната 2:1 победа над Шведска. Против Кореја сите овие илузии за силната Германија беа разбиени, и откако 90 минути не успеаја да им дадат гол на цврстите Корејци, тие вратија со гол во 90-тата минута за збогување од Мундијалот.

Германците, очекувано, имаа поголем посед на топката од почеток, но не успеаја да направат некоја позначајна шанса во првите половина час игра. Јоаким Лев стартуваше со пет различни фудбалери од победата 2:1 против Шведска, враќајќи го Месут Озил во составот, но без многу промени во исходот.

Тимо Вернер во 51. минута ја имаше најдобрата шанса дотогаш, а во 58. минута, Лев го внесува во игра и Марио Гомез во обид да се зголеми притисокот на голот на Корејците, а во 78. минута влегува и Јулијан Бранд и Германците јасно одат по голот кој толку многу им недостасува. Корејците се опасни на контра-нападите, но ниту тие не се многу ефикасни.

Матс Хумелс во 86. минута има совршена шанса со глава, но прави неверојатна грешка. Германците се на работ на нервите. Ким Јонг-Вин ги уништи сите надежи на „панцерите“, со гол во 90-тата минута, за во 95. минута во ситуација која обично се гледа во хокејот, голманот Мануел Нојер излезе напред, и Корејците дадоа уште еден гол во празна мрежа.

Во Екатеринбург, „викинзите“ почнаа фуриозно, откако веќе во втората минута дојдоа во шанса преку Гранквист, но Галјардо „исчисти“ во последен момент. Во 6. минута, нова шанса за Швеѓаните повторно се во шанса, откако од слободен удар Форсберг упатува добар удар, но Очоа брани. Гранквист повторно беше во шанса во 12. минута со удар со глава по корнер.

Мексико, конечно, се закани преку Карлос Вела со удар од работ на шестнаесетникот, но силниот удар е непрецизен. Швеѓаните повторно се во шанса во 31. минута, откако Берг за малку не го совлада Очоа.

Ако во првото полувреме ништо не им одеше според планот, Швеѓаните беа уште поопасни. Во 50. минута, конечно „паднаа“ Мексиканците. Берг со обид во петерецот, но топката доаѓа до напаѓачот на Вердер, Аугустинсон кој го „матира“ Очоа.

Само 10. минути подоцна веќе е 2:0. Берг е соборен во шестнаесетникот и судијата Питана покажува пенал, а Андреас Гранквист е сигурен од белата точка. Во 74. минута беше комплетиран колапсот на Мексиканците кога Едсон Алварез си постигна комичен автогол.

Scroll to Top