Дефанзивецот од Гана, Даниел Опаре доби предвремено раскинување на договорот со германскиот бундеслигаш Аугзбург, кој го нарече својот поранешен играч „нечесен“.
27-годишниот Опаре, кој дојде во Германија од Порто во 2015 година, во зимскиот преоден рок беше поврзуван со Лестер, но Аугзбург ја одби понудата од 2.5 милиони фунти за поранешниот член на младинскиот тим на Реал Мадрид, барајќи 5 милиони фунти. Ова го налути Опаре, кој наводно разговарал со Шалке на последниот ден од преодникот рок, по што Аугзбург му го прекина договорот на шест месеци пред крајот.
„Десниот бек Даниел Опаре нема да биде дел од тимот на Аугзбург во недела. Ние сме посветени на вредности како искреност, работа, верба и искреност. Даниел Опаре ги прекрши овие вредности. Затоа му го прекинуваме договорот и може да си бара нов клуб“, се вели во соопштението на клубот.
Спортскиот директор, Штефан Ројтер вели дека ова не е прват Опаре да ги „мами“ Аугзбург.
„Даниел Опаре постојано не лажеше дури кога му ги предочивме фактите. Покрај тоа, постојано ги прекршува правилата на однесување и мора да замине“, вели Ројтер.