Top Sport

Аугзбург со нов „шамар“ за Шалке (видео)

Шалке рестартот на германскиот шампионат го започна најлошо што можеше, со втор пораз во два меча и 0:7 гол-разлика, откако на својата „Велтинс арена“ загуби со 0:3 од Аугзбург.

По поразот во „Ревиердербито“ од Борусија Дортмунд од 4:0 минатиот викенд, се очекуваше дека ќе се вратат на вистински пат против Аугзбург, но надежите беа урнати бргу, откако уште во шестата минута Едуард Левен донесе водство за гостите од Баварија.

Ноа-Жоел Саренен-Базе во 76. минута зголеми на 0:2, пред Серхио Кордова во 91. минута да ги постави конечните 0:3. Шалке остануваат на осмото место со 37  поени, додека Аугзбург победува првпат по шест меча за да скокне на 12. место со 30 поени.

Scroll to Top