Top Sport

Фиорентина по уште еден славен син, тргнува по Маркус Турам

Фиорентина планира да тргне по потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Маркус Турам, чиј татко Лилијан направи блескава кариера токму во Серија А со Парма и со Јувентус.

Виола стануваат „прибежиште“ за следната генерација на фудбалери од Серија А, откако во нивниот тим се и синовите на Енрико Киеза и Андреа Сотил. Според весникот „Ле национе“, следна цел е Маркус Турам, кој минатото лето направи трансфер од Генгам во Менхенгладбах.

За разлика од својот татко, кој „царуваше“ во одбраната, Турам е напаѓач кој игра на различни позиции и досега имаше 12 гола и 9 асистенции во 35 меча за Борусија. Помош во склучување од договорот од 15 милиони евра ќе направи менаџерот Мино Рајола.

Интересно, таткото на Федерико Киеза и таткото на Маркус Турам беа соиграчи во Парма од 1996 до 1999 година.

Scroll to Top