Top Sport

Аутопсијата на Марадона не покажа трагови на алкохол и дрога, ќерката во фуриозен напад

Јанина Марадона, една од ќерките на Диего Марадона, влезе во остар напад на критичарите, откако аутопсијата на телото на фудбалската легенда покажа дека во неговото тело немало траг на алкохол и наркотици и покрај големите шпекулации.

Марадона почина на 60 години во ноември, две недели по операцијата на мозокот и шпекулациите велеа дека неговото семејство му дозволило да користи алкохол и дрога и покрај сериозната состојба. Во неговото тело биле пронајдени психотропни супстанции за третман на анксиозност и депресија, но не и алкохол и наркотици, објави „ЕСПН“. За причина на смртта се утврдила акутна едема на белите дробови предизвикани од откажување на срцето.

Ќерката на Марадона на социјалните мрежи одговори фуриозно.

„Сите вие кучкини синови кои чекавте аутопсијата да покаже дека мојот татко е полн со дроги, марихуана и алкохол. Јас не сум доктор, но го забележав дека не е во ред“, напиша емотивната Јанина.

Полицијата уште ја има отворено истрагата за неговата смрт, правејќи рација во куќата и клиниката на неговиот лекар Леополдо Луке, обвинувајќи го за смрт предизвикана од небрежност.

Scroll to Top