Првичниот извештај на британската организација за воздухопловни истраги (ААИБ) тврди дека авионот со кој патуваше аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала немал лиценца за комерцијални летови.
Според ова, авионот кој паднал во Ла Манш минатиот месец патувајќи од Нант до Велс, каде што Сала требаше да биде презентиран како фудбалер на Кардиф сити, уште не може да се одреди дали е приватен или комерцијален лет.
„Се верува дека лиценцата на пилотот Дејвид Иботсон се загубени со авионот, така што уште не е одредена валидноста на неговата лиценца и неговите последни летови“, се вели во извештајот.
Во него има детали околу најдениот авион, кој бил во три парчиња и објави нови фотографии од урнатиот „Пајпер Малибу“. За целосниот извештај на ААИБ може да се чека повеќе од една година.