Top Sport

Австрија го декласира најголемиот ривал Рапид (Видео)

Фудбалерите на Австрија од Виена забележаа историска победа над градскиот ривал Рапид од 6:1, во домашното првенство.

Со победата во 328. дерби на Виена, Австрија се зацврсти на петтата позиција на табелата, додека Рапид нема да влезе меѓу најдобрите шест тима.

Еден час игра им беше доволен на играчите на Австрија за да го декласираат големиот ривал. До 30.минута немаше голови, а двата тима имаа подеднакви шанси за постигнување на гол.

Австрија потоа го отвори резултатот, Радип веднаш израмни, а катастрофата на на гостите започна кога црвен картон доби Дејан Љубичиќ во 33.минута.

До крајот на полувремето фудбалерите на Австрија постигнаа три гола и на одмор заминаа со голема предност 4:1. Во вториот дел со уште два гола Австрија ја запечати најголемата победа во дуелите со градскиот ривал.

Пред почетокот на дербито навивачите на Рапид предизвикаа привремен прекин на сообраќајот на авто-патот А23. Тие фрлале лименки, снег и пиротехника на најпрометната сообраќајница во Австрија.

На овие навивачи, кои биле нешто повеќе од сто, полицијата не им дозволила да влезат на стадионот.

Scroll to Top