Top Sport

Ги собрал пријателите за да го истепа тренерот

Нов инцидент што привлече медиумско внимание го стресе српскиот фудбал. Во Ужице, фудбалер на Слобода се обидел физички да се пресмета со својот тренер.

Накратко, тренерот на фудбалскиот клуб Слобода од Ужице, Милан Босанац од тимот го исфрлил Немања Кнежевиќ. Фудбалерот потоа се неколку ријатели дошол во клупските простории со намера физички да се пресмета со тренерот.

Тренерот успеал да влезе во својата канцеларија, се заклучил внатре и повикал полиција. На крајот тој успеал да се извлече благодарение на реакцијата на претседателот на клубот, Божидар Опачиќ и полицајците.

Клубот веднаш потоа ја раскинал соработката со фудбалерот Кнежевиќ, додека тренерот Босанац ја понудил својата оставка и веќе го напуштил клубот.

Слобода од Ужице се натпреварува во Првата лига на Србија и по две одиграни кола во новата сезона има освоено само еден бод.

Scroll to Top