Top Sport

Боатенг е подготвен да го напушти Баерн

Џером Боатенг до крајот на преодниот рок би можел да го напушти Баерн Минхен. Во ситуација кога преодниот рок заврши во Англија и Италија, најзаинтересирани за неговите услуги се во Париз.

Боатенг се поврзуваше и со трансфер во Манчестер јунајтед, меѓутоа Жозе Мурињо не сакаше да ја плати цената што ја одреди Баерн.

„Шансите за трансфер се 50-50. Џером му кажал на Карл Хајнц-Румениге дека сака да замине. Доколку тој тоа навистина го сака ние ќе најдеме друг фудбалер. Имаме веќе некои алтернативи“, порашал претседателот на Баерн Ули Хенес.

„Мислам дека ПСЖ се заинтересирани. Сепак ние би биле најсреќни доколку Џером остане, тој е фантастичен фудбалер. Ако сега не биде реализиран трансферот, веројатно тој ќе се случи наредната година“, дополнил Хенес.

Scroll to Top