Најдобриот играч на Челси, Еден Азар, го пофалил менаџерот Маурицо Сари поради стилот на игра што го форсира со „сините“.
Азар игра во голема форма од почетокот на сезоната, а во разговор со англиските медиуми, открил дека му одговара стилот на Сари, кој бара неговата екипата да го има поседот на топка. Ваквата определба него му овозможува повеќе можност за дриблинзи и удари кон противничкиот гол.
„Сега имаме малку поинакви фудбалери, фудбалери што ги немавме минатата сезона, играчи што сакаат да играат со топката. Имаме поголем посед него во претходните сезони. Корист од тоа имаат напаѓачите. Имаме повеќе допири со топката, имаме повеќе простор да креираме шанси. Сари е тренер кој сака неговиот тим да го контролира поседот на топка, тоа прави голема разлика. Покрај тоа, тој е Италијанец и многу внимание посветува на тактиката“, рекол Азар.
Белгиецот во моментов, заедно со Митровиќ од Фулам, ја предводи листата на стрелците во Премиер лигата.