Top Sport

Азар ќе го прескокне „Ел Калсико“?

Рехабилитацијата на фудбалерот на Реал Мадрид Еден Азар трае подолго од прогнозите на лекарите, а според последните информации тој веројатно нема да биде подготвен за дуелот со Барселона.

Азар се повреди минатата недела во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен во Мадрид. Дуелот одигран во рамките на петтото коло заврши без победник 2:2.

Играчот на Реал беше заменет во второто полувреме откако претходно врз него статуваше неговиот сонародник и соиграч во репрезентацијата Тома Меније.

Веднаш по тој меч тренерот на Реал Зинедин Зидан рекол дека е загрижен поради повредата на Азар.

Клубот ден по мечот со Пари Сен Жермен објави дека повредата на Азар не е сериозна.

Сепак „Марка“ пишува дека Белгиецот синоќа на клупската вечера се појавил со патерици, бидејќи не можел да стои на десната нога.

Во текстот се наведува дека Азар се појавил на Божикната вечера за да ги испочитува соиграчите, но дека не се чувствувал добро и дека не можел сам да управува со автомобилот.

На заедничката фотографија од вечерата единствено го нема поранешниот фудбалер на Челси.

Поради ова постојат сомнежи дека Азар нема да биде подготвен да настапи во дербито со Барселона што ќе се игра на 18 декември.

Scroll to Top