Top Sport

Барселона подготвиле неверојатна понуда за Мбапе

Барселона биле подготвени да се тркаат со реал за потписот на Килијан Мбапе. Шпанските медиуми тврдат дека од „Ноу Камп“ нема да испратат понуда за Нејмар, туку од Париз ќе се обидат да го донесат младиот напаѓач.

Не е тајна дека кај постои интерес за Мбапе и дека Флорентино Перез подготвил 300 милиони евра. Она што ја разбранува шпанската јавност е дека Барселона ќе се обидат да им ги расипат сметките на големите ривали од Мадрид.

Шпанците шпекулираат дека Барселона подготвувале понуда што во Париз нема да можат да ја одбијат.

За да го добијат Мбапе од „Ноу Камп“ ќе понудале 120 милиони евра и двајца играчи чија цена на фудбалскиот пазар се движи околу 100 милиони евра. Во прашање се француските репрезентативци Антоан Гризман и Усман Дембеле.

Scroll to Top