Top Sport

Нема да игра на „Ол-Стар“ натпреварот, а добил повеќе гласови од Кари и Харден

Лука Дончиќ не успеа да се најде во стартната петорка во Западната конференција, иако од навивачите повеќе гласови од него добиле само капитените на конференциите Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо.

19-годишниот дебитант од Словенија од навивачите добил повеќе од 3,3 милиони гласови, но за за стартните петорки во предвид се земаат и гласовите на играчите и новинарите.

Односот во гласањето за стартните петорки е ваков: 50 отсто вредат гласовите на навивачите, а по 25 отсто гласовите на новинарите и играчите.

Дончиќ, кој во својата руки сезона ги собра симпатиите на навивачите ширум светот, на крајот добил повеќе гласови од супер-ѕвездите Стеф Кари, Џејмс Харден, Кевин Дурент, Расел Вестбрук…

Исто како Дончиќ мина и некогашниот МВП на сезоната Дерик Роуз. Играчот на Минесота, во гласањето за бековите, од навивачите, добил повеќе гласови од Џејмс Харден и завршил на второто место зад Стеф Кари, но и него му „пресудија“ новинарите и играчите.

Дончиќ, а и Роуз сепак не се без шанси да се појават на главниот натпревар, на 62. „Ол-Стар“ натпревар. Тие го чекаат гласањето на тренерите, наредниот четврток, кога ќе бидат познати резервите.

Scroll to Top