Еден Азар нема да игра за Белгија на првиот натпревар, на Европското првенство. Играчот на Реал Мадрид, зад себе има сезона исполнета со повреди, поради што пропушти две третини од натпреварите на „кралскиот клуб“.
„На последната проверка пред ЕП, против Хрватска одиграв десет минути, толку можев да играм. Пред една недела започнав да тренирам. Ќе се консултирам со лекарскиот тим, тие ќе решат дали ќе можам да играм на првиот натпревар. Селекторот ќе реши дали почнам, но јас не сум 100 отсто подготвен“, рекол Азар.
Фудбалерот на Реал е свесен дека белгијската јавност многу очекува од ова ЕП. Белгија се наоѓа во најтесниот круг на фаворити за висок пласман.
„Секогаш кога играме за репрезентацијата чувствуваме притисок. Поради она што го направивме во минатото, луѓето сега очекуваат да бидеме уште подобри. Знам дека на Мундијалот пред три години остваривме голем успех. Ќе се обидеме да бидеме подобри од тоа, имам потенцијал“.
Белгија во првото коло на ЕП ќе игра против Русија во Санкт Петербург.