Top Sport

Виландер: Федерер не сакаше да изгуби од Ѓоковиќ, затоа се повлече од РГ

Легендарниот Матс Вилалндер има свое мислење за повлекувањето на Роџер Федерер од Ролан Гарос.

Швајцарецот, се повлече од турнирот, откако во третото коло по три и пол часа, забележа победа над Кепгер од 3:1.

Федерер требаше да игра против Матео Бетертини во осмина-финалето, а потоа и против Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето. Виландер смета дека Федерер сакал да ја избегне пресметката со Ѓоковиќ на земјаната подлога во Париз.

„Мислам дека донесе вистинска одлука. Имаше шанси да го победи Беретини, а потоа ќе требаше да игра против Ѓоковиќ и веројатно Србинот ќе забележеше убедлива победа. Не сакаше нешто такво да му се случи пред Вимблдон“, рекол Виландер.

„Тој на Ролан Гарос дојде со идеја да победи на неколку мечеви. Сигурно е дека направи повеќе од планираното. Што требаше да направи? Да му предаде на Кепфер кога имаше меч топка? Не играше во Мадрид и во Рим и му беше потребна некоја победа. Сметам дека е во ред што се откажа“.

Scroll to Top