Top Sport

Милевски: Горд сум на играта, но недостигаше реализација

Топспорт во Тбилиси,
Никола Ѓуровски

dobivaj vesti na viber

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Грузија со 2:0 на гостувањето во Тбилиси. Автоголот на Бојан Миовски донесе водство за домаќинот, а Квича Кварацхелија го постави конечниот резултат.

Селекторот Благоја Милевски вели дека е горд на играта што Македонија ја прикажа во поле, но недостигаа голови за триумф.

„Одигравме квалитетно во поле и можам да бидаме горд на играта што ја прикажавме со оглед дека доминиравме. Единствено што недостигаше е подобра реализација. Создадовме многу шанси, но повторно има пад на концентрацијата и грешки во клучни моменти. Но, ние сме тим, заедно победуваме и заедно губиме, никогаш нема да издвојувам поединци. Би сакал да им честитам на Грузијците за победата и за првоѕо место во групата од Лигата на нации“, изјави Благоја Милевски.

Македонија в понеделник ќе биде домаќин на Бугарија во последниот натпревар од ова издание во Лигата на нации.

Scroll to Top