Top Sport

Очекувано, Металург повторно во Лигата на шампионите

Македонија и во 2018/19 ќе има два клуба во ракометната Лига на шампиони, откако ЕХФ ја потврди „вајлд-картата“ за тимот на Металург, кој ќе се приклучи на шампионот Вардар.

Исто како минатата сезона, Вардар ќе биде дел од елитната А и Б група, додека за Металург е резервирана Ц и Д групата, со второрангираните клубови.

Најавите дека Рајн-Некар Левен нема да добие место во ЛШ се покажаа како погрешни, откако се реши Германија да има два претставици: РНЛ и Фленсбург, додека Франција ќе има три екипи, и тоа учесниците на Ф4 турнирот оваа година – Пари Сен-Жермен, Нант и актуелниот шампион Монпелје.

Групи А и Б

ПСЖ (Франција)

Вардар (Македонија)

Кјелце (Полска)

Пик Сегед (Унгарија)

Фленсбург (Германија)

Барселона (Шпанија)

Скјерн (Данска)

Загреб (Хрватска)

Мешков Брест (Белорусија)

Мотор (Украина)

Кристијанштад (Шведска)

Целје (Словенија)

Рајн Некар (Германија)

Веспрем (Унгарија)

Нант (Франција)

Монпелје (Франција)

Групи Ц и Д

Адемар Леон (Шпанија)

Спортинг Лисабон (Португалија)

Елверум (Норвешка)

Бешикташ (Турција)

Вакер Тун (Швајцарија)

Чеховски Медведи (Русија)

Динамо Букурешт (Романија)

Татран Прешов (Словачка)

Кокс (Финска)

Висла Плок (Полска)

Бјерингбро Силкеборг (Данска)

Металург (Македонија)

Фото: ЕПА

Scroll to Top