Еден Азар го договорил личните услови со Реал, а трансферот во Мадрид ќе биде реализиран во летниот преоден рок, објавија шпанските медиуми.
Белгиецот има договор со Челси до 2020 година, клубот е подготвен да ја продолжи соработката, поради што му нуди неделна плата од 335.000 евра (300.000 фунти). Сепак, Челси се подготвени да го продадат доколку тој не го прифати новиот договор. Во овој момент јасно е само дека Азар ќе остане до крајот на оваа сезона на „Стенфорд Бриџ“.
Шпанците пишуваат дека, Челси за Белгиецот бара 170 милиони евра. Реал се подготвен и да ја платат оваа сума, а ќе се обиделе во цената да го вклучат трансферот на Матео Ковачиќ, кој оваа сезона како позајмен играч ја игра во екипата од Лондон.