Реал Мадрид се многу блиску до потписот на Еден Азар, тврди „Онда Мадрид“, кој додава дека белгискиот напаѓач веќе ги договорил условите со носителот на титулата од Лигата на шампионите на крајот на сезоната, иако уште преговара со Челси за договор.
Шпанскиот тим е подготвен да понуди 100 милиони евра плус еден од своите фудбалери за Азар, кој блесна на СП во Русија и на стартот на новата сезона. Човекот кој Мадрид го нудат е Матео Ковачиќ, кој во моментов е позајмен играч на Челси, но „сините“ би сакале да го добијат и Марко Асенсио како дел од договорот, тврди „Онда Мадрид“.
Според менаџерот на Челси, Маурицио Сари пак, „сините“ се подготвени веднаш да се договорат со Азар, иако тој има договор до летото 2020, но одлуката е само кај Белгиецот.
„Секако дека го сакам Еден тука. Но, сакам навистина да сака да остане. Клубот е подготвен веднаш да потпише со него, но самиот тој треба да реши дали сака да продолжи со нас или не“, вели Сари.
Фото: ЕПА