Top Sport

Азар со порака за Челси: Сакам да играм во Лигата на шампиони

Еден Азар повтори дека има огромна желба следната сезона да игра во Лигата на шампиони откако Челси „извлече“ 1:1 реми со Манчестер јунајтед, со што се на два поени пред Арсенал на четвртото место на табелата.

Околу иднината на Белгиецот цела сезона има многу шпекулации за можен трансфер во Реал Мадрид, а откако оваа сезона Челси игра во Лига Европа, се смета дека место во ЛШ е клучна цел на клубот.

„Челси мора да игра во Лигата на шампиони секоја година! Се работи за еден од најголемите клубови на светот и јас исто така сакам да играм во Лигата на шампионите. Дојдовме во Манчестер со желба за победа, но ремито не е лош резултат за нас. Имаме уште два натпревари и сигурен сум дека ќе бидеме во топ 4“, вели Азар.

Scroll to Top