Top Sport

Продолжува „слободниот пад“ на Милан, Торино ги помина на табелата! (видео)

Торино со 2:0 го совлада тимот на Милан за да ги помине на петтото место на табелата и уште повеќе да ја искомпликува борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Мечот започна во прекрасна атмосфера, откако навивачите на Торино ја одбележија 70-годишнината од трагичниот пад на авионот во кој загинаа 31 фудбалер на клубот на 4 мај 1949 година.

Андреа Белоти ги донесе „биковите“ во водство со гол од пенал во 58. минута, за само 11 минути подоцна Алехандро Беренгер да им даде уште еден гол на Милан, кај кои продолжува  драстичниот пад во формата – по ремито со Парма и поразот од Лацио во полуфиналето на Копа Италија.

Јувентус, Наполи, а најверојатно и Интер засега се сигурни на првите три позиции во Серија А, меѓутоа од четвртото до осмото место е вистинска „мешаница“ на само четири кола пред крајот. Рома е четврта со 58, Торино сега се петти со 56, колку што има и Милан на шестото место и Аталанта на седмото, а Лацио е на осмата позиција со 55 поени.

Scroll to Top