Фудбалерот на мадридски Реал, белгискиот фудбалски репрезентативец, Еден Азар планира престојот во Мадрид да го помине во куќа вредна 11 милиони евра, објавија шпанските медиуми.
Информациите се дека куќата на Азар се наоѓа во населбата Ла Финка.
Куќата е со површина од 1.600 метри квадратни, а вкупниот имот изнесува на 5.000 вадрати.
Во куќата има шест спални соби, тениски терен, базен, вежбалка и спа-центар.
Белгиецот во новата куќа ќе престојува со сопругата и тројцата синови.
Погледнете: