Србија по првото полувреме има за „надополнување“ со аутсајдерот Азербејџан, откако примија смешен гол во финишот на првото полувреме.
Душан Влаховиќ од пенал ги донесе „орлите“ во водство, и пред крајот на полувремето, по една несфатлива грешка на целата одбрана на тимот на Драган Стојковиќ Пикси, и посебно на голманот Предраг Рајковиќ, кој дозволи Махмудов да израмни на 1:1.
Со овој резултат, и по 3:0 водството на Португалија над Луксембург, Србија го губи првото место во групата.