Top Sport

Унгарските фанови се тепаа со полицијата на „Вембли“

Првото полувреме од квалификацискиот меч помеѓу Англија и Унгарија на „Вембли“, покрај изненадувачкото водство на гостите и израмнувањето на „трите лава“ беше одбележано и со тепачка помеѓу унгарските навивачи и полицијата.

Полицијата во Лондон потврди дека ќе има зголемено присуство на трибините на „Вембли“, откако беше најавено присуство на помалку од 1.000 унгарски навивачи.

Сепак, ова доаѓа по мечот во Будимпешта кој беше одбележан со расистичко навивање на унгарските фанови и конфликтот со играчите на Англија.

Scroll to Top