Top Sport

Роналдо ги „начека“ Луксембург – два гола од пенал за 13 минути

Кристијано Роналдо го продолжи својот рекорд на 114 гола за португалската репрезентација, откако во првите 13 минути од мечот со Луксембург во квалификациите за Светското првенство во 2022, постигна два гола од белата точка.

Ако не беа доволни двата гола во 6. и 13. минута на Роналдо, неговиот соиграч од Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш во 17. минута зголеми на 3:0.

Инаку Роналдо сега им има дадено дури осум гола на репрезентацијата на Лускембург, најмногу од сите држави против кого играл.

Scroll to Top