Кинсли Коман ги повреди лигаментите на левото колено на вчерашниот натпревар и победата на Баерн во Аугсбург (3:2).
Според медиумите тој ќе биде надвор од терените околу два месеци. Под знак прашалник е неговиот настап на пријателските натпрвари за Франција против Германија и Чиле, кои ќе се играат на крајот на март.
Поранешниот играч на ПСЖ и Јувентус, 27-годишниот кој ја освои шампионската титула со клубовите за кои настапуваше во секоја од неговите професионални сезони, одигра 15 првенствени натпревари за Баерн оваа сезона
Постигна три и забележа две асистенции. На шест натпревари во Лигата на шампионите постигна два гола.