Top Sport

Баерн без публика ќе ја пречека Барселона

Баерн, во последното коло, во Лигата на шампионите ќе ја пречека Барселона пред празни трибини.

Властите во покраината Баварија, објавија дека поради зголемениот број на заразени со коронавирусот, ќе бидат донесени нови мерки. Една од мерките ќе биде да се забрани публика на спортските натпревари.

Ова е позитивна вест за Барселона, која во последното коло мора да победи доколку сакат да се пласира во осмина-финалето. Во спортивно ќе зависи од резултатот на натпреварот Бенфика-Динамо Киев.

Баерн со 15 бода е прв во оваа група.

Scroll to Top