Top Sport

Ал Келаифи: Мбапе како играч на ПСЖ ќе ја освои Златната топка

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, не се откажува од Килијан Мбапе, најавува нова рунда преговори со напаѓачот и тврди дека клубот не го контактирал Зинедин Зидан.

Вчера, Лионел Меси, ја доби седмата Златна топка, прва како фудбалер на ПСЖ. Никогаш досега „светците“ немале фудбалер кој официјално е прогласен за најдобра во светот.

„Се надевам дека Златната топка ќе ја освојат други наши играчи. Почнувајќи од Килијан Мбапе, кој многу ја посакува“, рекол Ал-Келаифи по завршувањето на свечената церемонија.

Оваа негова изјава го наметна прашањето дали тоа значи дека клубот ќе ги продолжи преговорите со 22-годишниот напаѓач. Доколку не го продолжи договорот, наредното лето, Мбапе ќе биде слободен играч.

„Се надеваме. Килијан е одличен играч, голем човек, точно знае што треба да направи“.

Минатото лето Мбапе сакаше да се пресели во Реал, но ПСЖ ја одби понудата од 180.000.000 евра. За еден месец, поточно од 1.јануари 2022 година, младиот голгетер ќе може да преговара со заинтересираните клубови.

За еден месец ќе биде решена дилемата дали го сменил мислењето или ќе се пресели во Мадрид или пак можеби ќе се појави некоја трета опција.

Ал-Келаифи проговорил и за медиумските шпекулации дека Зидан ќе го наследи Покетино на тренерската позиција.

„Покетино е тренер на ПСЖ. Тој е среќен со нас, ние сме задоволно од неговата работа. Потребно е време. И јас ги читам шпекулациите, но тие приказни не се точни. Не сме имале контакт со Зидан. Тој е добра тренер, но ние веќе имаме добар тренер“.

Scroll to Top