Top Sport

Челси не успеаја да „купат“ сопствен фудбалер за 4 милиони фунти

Челси е еден од англиските клубовите кој има најмногу фудбалери на позајмица, така што се обидоа да го решат проблемот со повредите и КОВИД во сопствениот тим со враќање на еден од своите фудбалери, но не успеаја ниту за 4 милиони фунти.

Во јануарскиот преоден рок, главниот фокус на тимот на Томас Тухел беше да се најде замена за Бен Чилвел, кој е во аут поради повреда на лигаментите на коленото, и затоа решија дека најдобар начин е да го повикаат назад Емерсон Палмиери од неговата позајмица во Лион.

Меѓутоа, бидејќи во договорот со Лион не постоеше клаузула за враќање, Челси беа приморани да се обидат да го „купат“, и по долги преговори, Лион ја одби понудата од 4 милиони фунти. 27-годишниот италијански репрезентативец со бразилско потекло, призна дека би сакал да се врати на „Стемфорд Бриџ“, но исто така додаде дека е задоволен од минутажата која ја добива во Лион.

Scroll to Top