Top Sport

Баерн блиску до нов договор со Лукас Ернандез

Германскиот шампион Баерн Минхен е подготвен да му понуди нов договор на дефанзивецот Лукас Ернандез. Актуелниот договор на Французинот истекува во летото 2024 година.

Во изјава за германското издание „Билд“, спортскиот директор на баварците, Хасан Салихамиџиќ потврди дека преговорите се движат во вистинска насока.

„Преговорите со агентите на Лука се одвиваат многу добро. Тој го носи генот на Баерн. Неговата иднина е во Баерн, нема сомнеж во тоа“, изјави Салихамиџиќ.

Ернандез заработи тешка повреда на првиот натпревар на Франција на Светското првенство во Катар, кога „триколорите“ ја победија Австралија со 4:1. Неговиот брат Тео соодветно го пополни местото на левата бековска позиција во преостанатиот дел од турнирот.

Scroll to Top