Top Sport

Баерн дури по продолженија ја „скрши“ Херта (видео)

Баерн Минхен се пласираше во четврт-финалето на ДФБ купот, останувајќи на добар пат до трофеј оваа сезона откако Борусија избега седум поени во Бундеслигата, откако дури по продолженијата со 3:2 славеше на „Олимпискиот стадион“ во Берлин против Херта.

Домаќините го изненадија фаворитот со гол во третата минута на Макс Мителштад, но рамнотежата бргу беше вратена кога Серж Гнабри само четири минути подоцна израмни на 1:1.

Гнабри уште еднаш беше стрелец во 49. минута за 2:1 водство на Баерн, но упорните домаќини израмнија преку нововлезениот Дејви Зелке во 67. минута. Човек на одлука беше Кингсли Коман, кој во 98. минута беше најснаодлив во противничкиот шестнаесетник искористувајќи ја одличната асистенција на Роберт Левандовски.

Во четврт-финалето се и Шалке по 4:1 триумфот над Фортуна Диселдорф, како и РБ Лајпциг кои со 1:0 го победија Волфсбург и Аугзбург, кој триумфираа мининално кај второлигашот Кил.

ДФБ КУП, 1/8 ФИНАЛЕ

Кил – Аугзбург 0:1

РБ Лајпциг – Волфсбург 1:0

Херта – Баерн Минхен 2:2, 2:3 по продолженија

Шалке – Фортуна Диселдорф 4:1

Scroll to Top