Top Sport

Баерн го декласира Ди-си јунајтед

Фудбалерите на Баерн Минхен, изминатата ноќ, одиграа пријателски натпревар во Вашингтон. Баварците го победија Ди-си јунајтед 6:2.

Баварците премногу лесно дојдоа до победата, а веќе по првиот дел имаа 3:0. Садио Мане постигна гол за само пет минути на теренот. Големо засилување од Ливерпул постигна гол од пенал.

Во 12. минута Марсел Сабицер зголеми на 2:0 на асистенција на Серж Гнабри, кој самиот во 44. минута ја погоди мрежата на Ди-си јунајтед.

На полувремето беа направени голем број промени, на теренот влезе и Матијс де Лигт кој пристигна од Јувентус за 80 милиони евра. По само две минути игра Холанѓанецот постигна гол. Во 51.минута Циркзи зголеми на 5:0.

При резултат 5:2, длабоко во судиското надополнување, Томас Мулер постигна гол за конечни 6:2. Стрелци за Ди-си јунајтед беа Леланд и Ку-ДиПиетро.

Scroll to Top