Top Sport

Харден за помала плата ќе остане во Филаделфија

Американскиот кошаркар Џејмс Харден се согласи на намалување на платата и го продолжи договорот со Филаделфија. За да биде тимот што е можно поконкурентен, Харден се откажа од 14 милиони долари и наместо 47, во следната сезона ќе заработи 33.000.000 долари.

„Разговарав со Дерил Мори и му објаснив како можеме да бидеме уште посилни и која е вистинската вредност на одредени кошаркари на пазарот. Потоа му реков на претседателот да го подобри кадарот, да донесе кого треба, а она што ќе остане од парите да го добијам јас“, изјави Харден пред неколку дена.

На крајот на сезоната Харден ќе може да одлучи дали ќе остане во Филаделфија.

Ако го стори тоа, ќе добие уште 35.600.000 долари.

Филаделфија го донесе Пи Џеј Такер ова лето, а пред потпис на договор е Денвел Хаус.

Scroll to Top