Top Sport

Баерн го носи во Минхен екс-кормиларот на лутиот ривал

Тренерот на француски ПСЖ, Германецот Томас Тухел би можел да биде новиот тренер на Баерн Минхен, пишува денеска „Билд“.

Германскиот медиум пренесува информација дека поранешниот кормилар на лутиот ривал на Баварците – Борусија Дортмунд е желбата на Управата на Баерн, а сегашното привремено решение, Ханс Флик, кој седна на испразнетото тренерско место по отказот на Нико Ковач, најверојатно би му бил асистент на Тухел.

Тренерот на ПСЖ има договор со „светците“ до 2021 година, а неговиот пласман во Лигата на шампионите ќе пресуди дали договорот ќе го одработи до крај.

Што се однесува за Флик, кој имаше извонреден старт со баварскиот клуб (4 победи во исто толку мечеви без примен гол) пред да дојде изненадувачкиот пораз минатиот викенд од Баер Леверкузен (2-1), челниците на клубот не го гледаат како долгорочно решение. Тој, според информациите, за својата иднина на „Алијанц Арена“ со сопствениците ќе разговара по последниот лигашки меч од 2019 година, на 21 овој месец против Волфсбург.

Scroll to Top