Top Sport

Конте прави белгиски тандем во шпицот на нападот на Интер

Белгиските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс би можел да биде новото засилување за нападот на милански Интер. На тој начин тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте би добил белгиски тандем во нападот, Лукаку – Мертенс. Информациите се дека Конте има високо мислење за Мертенс и дека тој уште додека беше менаџер на Челси се обидувал Белгиецот да го доведе кај „сините“.

Договорот на Белгиецот со клубот од Неапол истекува во јуни следната година, а речиси и да не постојат шанси истиот да биде продолжен. Конте во Мертенс гледа и опција доколку се обвистини најавата дека Аргентинецот Лаутаро Мартинез би можел наскоро да го напишти „Џузепе Меаца“ и да се пресели во Каталонија, во редовите на Барселона.

Познато е дека во Наполи владее тотален хаос, а можно е дел од фудбалерите да поднесат и приватни тужби против клубот. Газдата Де Лаурентис планира да повлече радикален потег во кој сите што го креваат гласот ќе бидат продадени, некои веќе во јануари. Тоа пред се се однесува на Калјехон и Мертенс чии договори истекуваат на лето, па вака клубот на нив ќе успее да заработи.

Мертенс досега има повици од Белгија, од МЛС – лигата, од Кина и од Саудиска Арабија.

Scroll to Top