Top Sport

„Кристијано Роналдо е престар за врвен фудбал“

„Знам дека му е тешко да признае, но уверен сум дека и понатаму може да биде значаен играч ако прифати дека така стојат работите“. Ова го изјави поранешниот напаѓач на Јувентус Никола Аморусо, а сето тоа се однесува за Кристијано Роналдо.

Аморусо, кој од активното играње се прости во 2011 година, изјави дека Роналдо кој има 34 години е престар за елитен фудбал во Серија А.

Во разговор со новинарите во Италија, Аморусо рече дека Португалецот треба да ги дозира настапите и да ја чува силата.

„Роналдо со месеци „влече“ по теренот. Би требало да биде скромен и да прифати дека е стар за фудбал и дека понекогаш е поважно да одмори, отколку да игра по секоја цена. Знам дека му е тешко тоа да го признае, но и понатаму може да се значаен играч“ смета Аморусо.

Роналдо е несомнено еден од најдобрите светски фудбалери, но Португалецот подолг период не е на нивото на кое играше претходните години, посебно додека беше во дресот на Реал Мадрид.

Сезонава CR7 одигра 16 меча во Серија А и ЛШ, на кои постигна 7 гола, од кои 6 во Калчолигата.

Scroll to Top