Спортскиот директор на минхенски Баерн, Хасан Салиханиџиќ, успеа да го договори трансферот на еден од најбараните играчи во Европа, Леон Горецка.
Овој 22-годишен фудбалер има договор со Шалке до јуни наредната година кога ќе стане слободен фудбалер, поради што за неговите услуги беа заинтересирани Арсенал, Манчестер Сити, Барселона, Јувентус и Ливерпул чии менаџер Јирген Клоп понуди 36 милиони фунти.
Сепак најетофејниот германски клуб ја доби трката за потписот на Горецка. Германскиот репрезентативец веќе отпишал преддоговор со Баерн, а официјално во Минхен ќе се пресели на 30.јуни наредната година.
BREAKING: Schalke’s Leon Goretzka will sign a pre-contract with Bayern Munich ahead of a free transfer next summer, reports @SPORTBILD pic.twitter.com/MHhiLgTZrz
— B/R Football (@brfootball) December 31, 2017
Играчот за кого стручњаците тврдат дека е светла иднина на германскиот фудбал, за националниот тим има одиграно 12 натпревари. Минатото лето со Германија го освои Купот на Конфедерации.